Челси и Атлетико ги поделија бодовите, Карабах ја намачи Рома


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Рома ждрепката за осминафиналето ќе ја чека од подобра позиција затоа што заврши на првото место во групата Ц.

Во последното коло „волчицата“ беше домаќин на Карабак и навистина се намачи да дојде до победата која на крајот значеше дека Рома ќе биде на врвот во групата.

Рома во 55. минута стигна до водство кога Диего Пероти со глава ја затресе мрежата на гостинскиот тим.

Интересно беше во Лондон каде Челси играше против Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ и со победа немаше да изборат пласман во елиминационата фаза затоа што Рома славеше против Карабак.

На „Стемфорд Бриџ“ видовме доста интересен натпревар со многу шанси. Саул го отвори резултатот во 56. минута, а Савиќ го совлада сопствениот голман во 76. минута кога не можеа избраниците на Конте. Токму Облак беше најдобриот поединец на теренот во Лондон.