Манчестер Јунајтед со пресврт славеше против ЦСКА


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед со триумф над ЦСКА (2:1) го потврди пласманот во осминафиналето како лидер во групата А. Во следната фаза од оваа група ќе игра и Базел кој во Лисабон славеше против Бенфика со 2:0.

На „Олд Трафорд“ први до водство стигнаа гостите од Русија преку Витињо кој погоди од една сомнителна ситуација. На израмнување се чекаше до 64. минута кога Луакку го совлада Акинфеев, а само две минути подоцна Рашфорд го постави конечниот резултат.

Во натпреварот во Португалија гол падна уште во петтата минута. Гостите по брз контранапад погодија преку Елјунуси. Оберлин во 65. минута го постигна вториот гол за Швајцарците со кој ја потврди втората позиција на табелата.