Мурињо: Шо ќе добива шанси за докажување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лук Шо одигра фантастичен натпревар против ЦСКА во Лигата на шампионите откако Жозе Мурињо конечно се реши да му даде шанса во првиот тим.

22 годишниот фудбалер се мачеше за да добие место во првиот тим на „Ѓаволите“ оваа сезона, а слична беше ситуацијата и минатата. Наводно, Мурињо не е задоволен од неговиот фитнес.

Против ЦСКА, Лук Шо за прв пат стартуваше натпревар по 219 денови и ги импресионира сите со неговиот настап.

„Многу, многу позитивен настап, посебно кога со топката одеше во напад. Навистина беше опасен, креираше многу шанси и имаше одличен интензитет. Не бев изненаден што во 80. минута имаше последици од тој интензитет. Тоа е нормално затоа што ова беше прв натпревар во сезоната за него, но тој ја заслужи оваа шанса. И тој во иднина ќе добива шанси затоа што неговиот настап беше доста позитивен“- коментираше Мурињо.

Шо има само еден месец да се докаже пред португалскиот стратег. Во Англија се поголеми беа шпекулациите дека левиот бек ќе замине од „Олд Трафорд“ уште во јануари, но доколку Шо ја повтори вчерашната игра и на другите натпревари со сигурност ќе остане меѓу „ѓаволите“.