Перез не сака да доведе никакво засилување во јануари и има многу добра причина за тоа


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Навивачите на Реал Мадрид очекуваат нивниот клуб ова зимо да доведе неколку звучни засилувања, бидејќи не се баш задоволни од играта на тимот во досегашниот дел од сезоната.

Веќе некое време се шпелулира околу тоа, кои играчи се наоќаат на листата на кралскиот клуб за јануарскиот преоден рок, но наводно Флорентино Перез зацртал три играчи кои ќе проба да ги доведе, но судејќи според се, на крајот од сезоната.

Претседателот на Реал Мадрид во неколку наврати призна дека не е баш љубител на јануарскиот преоден рок. Цените се тогаш доста помали за разлика од летниот трансфер период, но исто така скоро и невозмжно е да се доведе некое звучно засилување.

Тој има многу добра причина поради што не сака да доведува играчи во јануари. Во минатото проба да ја освежи екипата со нови играчи како Антони Касано, Емануел Адебајор или Лукас Силва, но се виде дека тие беа промашување на клубот.

Според пишувањата на шпанските медиуми, на листата на желби на Кралевите се Мауро Икарди, Кепа Аризабалага и Тимо Вернер, но Перез ќе почека до летото, па ќе проба да ги реалзира овие трансфери.