Само три можни ривали за Челси во осминафиналето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Челси имаа се во свои раце, но по ремито во против Атлетико Мадрид на „Стемфорд Бриџ“ паднаа на втората позиција во групата што значи дека ќе имаат потежок противник во следната фаза.

Интересно е што сите други клубови од Англија се најдоа на првата позиција на табелата и нема да може да играат против Челси во осминафиналето поради правилата на УЕФА клубови од иста земја да не вкрстат во првата елиминациона фаза.

Покрај Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Тотенхем и Ливерпул, Челси нема да може да се сретне и со Рома со која беше заедно во групата. Со тоа за избраниците на Конте остануваат само три опции од кои два великани на европскиот фудбал- Барселона, ПСЖ и Бешикташ.

Нормално е од Челси да го посакуваат турскиот тим, но каков ќе биде исходот на ждрепката ќе видиме на 11 декември.