Ливерпул го растури Спартак


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Последното коло од групата Е не донесе никакви изненадувања кога во прашање е пласманот во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Ливерпул на „Енфлид“ со високи 7:0 славеше против Спартак Москва, додека пак Марибор и Севилја одиграа без победник (1:1).

Доста расположени во редовите на Ливерпул беа Кутињо и Фирмино кои во првиот дел сами донесоа голема предност за „црвените“ (3:0). Во второто полувреме во „гол трката“ се вмеша и Мане со два погодоци, а по еднаш до крајот погодија и Кутињо и Салах.

На „Људски врт“ пак МАрибор поведе уште во 10. минута преку Тавареш, додека на 1:1 изедначи некогаш најголемиот бразилски талент, Гансо.