Реал уште еднаш подобар од Борусија, Тотенхем без проблем против Апоел


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Немаше многу возбудувања на вечерашните натпревари во Лондон и Мадрид затоа што и Тотенхем и Реал од претходно обезбедија пласман во елиминациите.

Тотенхем на домашен терен очекувано славеше против АПОЕЛ со 3:0 и со 16 бодови го обезбеди првото место во групата пред Реал Мадрид.

Љоренте и Сон беа стрелци во првиот дел за Тотенхем, а конечниот резултат го постигна Нкоуду во 80. минута.

Реал Мадрид и со измешан состав славеше против Борусија Дортмунд со 3:2. Серијата голови ја започна Борха Мајорал во 8. минута, само три минути на 2:0 зголеми Кристијано Роналдо. На две минути пред крајот на полувремето Обамејанг намали на 2:1, а само четири минути по стартот на вториот дел истиот играч погоди и за 2:2.

Конечниот резултат го постави Лукас Васкез во 81. минута.