Зидан започна преговори со еден од најдобрите играчи на денешницата за трансфер во Реал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан започна преговори со еден од најдобрите играчи на денешницата за трансфер во Реал, пренесува британски The Sun.

Францускиот стручњак веќе со месеци наназад има намера да го ангажира Еден Хазард, но челниците на Челси се свесни за каков играч се работи и немаат намера да го пуштат така лесно.

Да потсетиме, Реал смета дека Хазард би било долгорочно решение на позицијата каде што моментално игра Кристијано Роналдо, но проблем им претставува тоа што Хазард има уште две и пол години од неговиот договор со Челси. Освен тоа, Челси има намера да му понуди на Хазард нов договор со што тој би бил повеќе платен.

Зидан наводно стапил во преговори со Белгиецот, па останува да видиме како ќе течат преговорите.

Хазард во досегашниот дел од сезоната одигра 20 натпревари, постигна осум голови и седум асистенции.