На повидок трампа меѓу Интер и Манчестер Јунајтед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите на Островот, од редовите на Манчестер Јунајтед ќе тргнат по услугите на играчот на Интер, Жоао Марио.

За да стигнат до потписот на Португалецот кој оваа сезона на 11 натпревари нема постигнато ниту еден погодок, но има забележано пет асистенции, од Манчестер Јунајтед се подготвени да го „жртвуваат“ Хуан Мата и да го испратат во Милано.

Интересно е што Мата против ЦСКА за прв пат ги одигра сите 90 минути откако Мурињо е тренер на Манчестер Јунајтед.

Во јавноста се шпекулира дека Жоао Марио е трансфер цел и на ПСЖ кој е подготвен да го прати Пасторе на „Меаца“ за да ги обезбеди услугите на офанзивниот играч за врска.

Фановите на Манчестер Јунајтед изразија револт од ваквите шпекулации коментирајќи дека Мата е далеку подобро решение од 24 годишниот Марио.