Почна војната пред дербито: Јунајтед со дополнителна мотивација за Сити


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Големото градско дерби во Премиер лигата кое може уште сега да го реши прашањето кој ќе биде шампион во Англија ќе се одигра во недела на „Олд Трафорд“.

Екипите од Манчестер се на првите две позиции во Премиер лигата, а доколку Сити го добие натпреварот ќе се одлепи на „недостижни“ плус 12 во однос на второпласираниот тим.

Пред дербито веќе започнаа и првите превирања. Имено, од Манчестер Јунајтед забраниле на популарната интернет мрежа „Амазон“ да снима материјал во тунелот и во соблекувалните кој подоцна би се искористил за документарец за Манчестер Сити.

„Граѓаните“ имаат 10 милионски договор со оваа интернет мрежа по крајот на сезоната да направат документарец со досега невидени сцени за јавноста од соблекувалните и тунелите на стадионите. Манчестер Јунајтед е првиот колектив кој им забранил на луѓето од „Амазон“ да снимаат, а тоа го сториле со изговор дека немаат доволно простор за тимот кој го снима документарецот бидејќи веќе има 23 екипи кои се сместени во тоа место и кое го емитуваат натпреварот ширум светот.