На Милан не му се пишува добро


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


УЕФА го одби предлогот на Милан околу доброволен договор за финансискиот фер плеј.

Како што пренесуваат „Кориере Дело Спорт“ и „Газета дело Спорт“ УЕФА подготвува казна за Милан иако клубот излезе со јасен план во кој покажува економска стабилност за наредните години.

УЕФА конечната одлука треба да ја соопшти утре, но италијанските медиуми од свои извори дојдоа до информации дека европската куќа на фудбалот ја одбила спогодбата, па така Милан го очекува најмалку парична казна или ограничување на трансфери, а во најлош случај и исфрлање од Европа.

Милан на клупскиот сајт објави дека е подготвен за договор во случај УЕФА да го одбие предлогот. „Милан секогаш максимално ја почитува УЕФА и секогаш јасно става до знаење дека е подготвен од друга перспектива да ја разгледа ситуацијата.“ –стоеше во соопштението на Милан.