Модриќ и Реал се разделуваат?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одличниот играч ја игра својата шестта сезона за Кралскиот клуб и освои буквално се со тимот, но наводно им соопштил на раководството на клубот дека сака да си замине на крајот од сезоната.

Се претпоставува дека Реал нема да му прави проблеми на Модриќ. Хрватскиот фудбалер веќе има три понуди за продолжување на кариерата, а богати понуди му нудат Интер, Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Модриќ изминатите неколку години е еден од клучните играчи на Реал. Игра навистина фантастично, средината на теренот без него е незамислива и во дресот на Кралевите ги освои сите можни трофеи.

Меѓутоа, наводните поделби помеѓу играчите, го натерале да побара трансфер. Тој не сака да се приклучи на ниту една страна (екипа Роналдо – Рамос) и е спремен поради тоа да си оди.

Каде ќе ја продолжи кариерата Лука, веројатно ќе дознаеме на крајот од сезоната, а фаворит за негово доведување е Интер.

Модриќ за Реал има настапено на 231 натпревар и има постигнато 12 голови.