Премиер лигата од 2019 година со нови термини за натпревари


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Добра вест за љубителите на фудбалот стигнува од Островот. Имено со почеток од 2019 година ќе гледаме многу повеќе натпревари од Премиер лигата во директен пренос.

Повеќе нема да има по пет натпревари во саботниот термин од 16:00 часот, но затоа на програмата ќе има вечерни термини.

Премиер лигата од сега во живо ќе емитува 200 од вкупно 380 натпревари, што е за дури 42 натпревари повеќе од моменталниот договор.

Според новите термини ќе гледаме 32 натпревари во сабота од 13:30 часот, 32 натпревари во сабота од 18:30 часот, 24 натпревари во недела во 15:00 часот, осум натпревари во сабота од 20:45  часот, 32 натпревари во недела од 17:30 часот, 24 натпревари во понеделник/петок од 20:30 и 21 часот.

Новиот пакет на услуги ќе почне да се применува од 2019 година, а ќе важи се до 2022 година.