Премиерлигашки интерес за Ди Франческо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рома игра одличен фудбал под водство на Еузебио Ди Франческо оваа сезона. Римјаните се при врвот во Серија А, а завршија на првото место во групната фаза во Лигата на шампионите а против себе ги имаа и Челси и Атлетико Мадрид.

Рома игра доста сигурен фудбал под негово водство оваа сезона, а одличните тактики не останаа незабележани од многубројните клубови.

Според пишувањата на медиумите во Италија за 48 годишниот стратег се заинтересирани екипите на Евертон, Тотенхем, Арсенал и Челси. Наводно овие клубови веќе пратиле свои скаути за да го надгледуваат Ди Франческо.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека спортскиот директор на Рома, Мончи е подготвен да понуди нов многу побогат договор на тренерот на „Волчицата“.