Перез: Нејмар во Реал полесно би ја освоил Златната топка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во вечерта кога Кристијано Роналдо ја освои Златната топка, Флорентино Перез уште еднаш навести дека идеален наследник за 32 годишниот Португалец би бил Нејмар.

Претседателот на Реал го фалеше Роналдо по неговото петто Балон д’Ор признание, а на прашањата за Нејмар одговори: „Сигурен сум дека му било многу полесно да ја освои Златната топка доколку игра во Реал Мадрид. Реал е клуб во кој имате се потребно за да станете голем играч. Не кријам дека еднаш се обидов да го донесам“- коментираше Перез.

Се погласни се шпекулациите дека ПСЖ е само „попатна станица“ за Нејмар пред Бразилецот да се пресели во редовите на Реал Мадрид.