Легендарниот голман на Партизан Ивица Краљ во посета на Охрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот српски репрезентативен голман на ФК „Партизан“ Ивица Краљ денеска беше во посета на Општина Охрид.

Тој заедно со претставници од локалната самоуправа на Шабац, оствари работна средба со градоначалникот на општина Охрид, д-р Јован Стојаноски.

На средбата, како што информираат од локалната самоуправа, меѓу другото се разговарало и за можноста фудбалски екипи од Србија да имаат подготовки за натпревари во Охрид како и да се организираат тренинг кампови. На состанокот се разгледувале и можностите за идна економска соработка меѓу двете општини, Охрид и Шабац.

Некогашниот репрезентативен голман, Краљ кој е актуелен претседател на ФК „Мачва“ од Шабац, со претставници од охридската локална самоуправа ги разгледуваше спортските капацитети на градов.