Реал се насочува кон Лори


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тотенхем се соочува со битка да го зачува својот прв голман Хуго Лори откако Реал Мадрид пројави сериозен интерес за неговите услуги.

„Кралевите“ се во потрага по нов чувар на мрежата, па по неуспешните обиди да го доведат Де Геа во своите редови сега вниманието го насочија кон францускиот репрезентативен чувар на мрежата.

Тотенхем е се подалеку од битката за титулата во Премиер лигата, а ФА Купот не е доволно „привлечно“ натпреварување за Лори. Наводно, и Французинот бил заинтересиран за преселба на „Бернабе“ па лесно може да се случи од следната сезона да ја промени средината.