Трката за титулата во Англија готова? Сити на „недостижни“ плус 11 од Јунајтед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во 15. коло од Премиер лигата на „Олд Трафорд“, Манчестер Сити славеше во градското дерби против нивниот најголем ривал за титулата оваа сезона, Манчестер Јунајтед.

Сити со оваа победа на второпласираниот Манчестер Јунајтед му побегна на огромни 11 бодови и со тоа веќе се наѕира името на новиот шампион во Премиер лигата.

Победата на Манчестер Сити ја прекина серијата на Јунајтед без пораз на свој терен од вкупно 41 натпревар по ред, а „Граѓаните“ влегоа во историјата на Премиер Лигата врзувајќи 14 победи по ред во една натпреварувачка сезона.

Стрелци за Манчестер Сити беа Давид Силва и Отмаенди, а двата гола паднаа по катастрофални интервенции на Ромелу Лукаку. Голот за Манчестер Јунајтед го постигна Маркус Рашфорд.

Претходно во првото градско дерби кое беше на програмата Евертон и Ливерпул ги поделија бодовите играјќи без победник, 1:1.