Роналдо постави рекорд над рекордите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Роналдо на натпреварот со Севилја ја прослави и петтата Златна топка во својата колекција. Навивачите и покрај критиките во досегашниот тек од сезоната во тој момент му ја дадоа целата поддршка и бурно го поздравија.

Реап на натпреварот против Андалузијците конечно почна да личи на оној Реал кој го сакаат фановите. Во првото полувреме „Кралевите“ постигнаа дури пет погодоци против Севилја, а Кристијано Роналдо постигна два од нив со кои стигна до нов рекорд.

Верувале или не ова е седма сезона по ред во која во една календарска година Кристијано Роналдо постигнува 50 или повеќе голови.

Најдобра година за него е 2013 кога постигна 69 голови на 59 натпревари во сите конкуренции. Оваа година на 57 натпревари има постигнато 51 гол.

Ова што Кристијано Роналдо го направи е единствено во историјата на фудбалот, нешто што не му тргнало од рака ни на Лео Меси.