Манчестер Јунајтед загуби па Мурињо се нафрли врз судијата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед денес беше во подредена состојба во дуелот со Манчестер Сити, но Мурињо како главен виновник за поразот го посочи судијата Мајкл Оливер.

Мурињо смета дека стартот над Ерера бил чист пенал и дека Олвиер направил грешка бидејќи му доделил жолт картон на неговиот играч поради симулација.

„Чист пенал. Жал ми е за нас, жал ми е за Мајкл Оливер. Мислам дека судеше добро, но тоа беше чист пенал. Судијата направи грешка која може да му се случи на секого. Сепак, да свиреше пенал резултатот на 20 минути до крајот би бил 2:2. Пеналот над Ерера беше чист“- заклучи Мурињо.

По оваа изјава Португалецот истакна и дека Манчестер Сити сега има огромна предност кога во прашање е трката за титулата.

„Не знам дали трката за титулата е готова, но Манчестер Сити се многу добар тим. Тие се среќни, имаат добри одлуки кои се во нивна корист. Ги штитат фудбалските богови“- коментираше тренерот на Манчестер Јунајтед.