Баерн ја пронајде замената за Ноер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Баерн Минхен славеше тесна победа против Ајнтрахт на гостувањето во Франкфурт и остана на лидерската позиција со осум поени пред Лајпциг.

Баварците со сигурност ќе се засилат во зимскиот преоден рок, а примарна позиција на која ќе донесат нов играч е голманската. Тоа е поради фактот што првиот чувар на мрежата, Мануел Ноер веќе долго време е повреден, а со повреда се мачи и резервниот чувар на мрежата Свен Урлих.

Помеѓу стативите во Франкфурт беше 36 годишниот Том Старке кој ќе остане трет чувар на мрежата и по зимскиот преоден рок. „Жртва“ ќе биде токму Урлих кој во јануари ќе го напушти клубот за да ослободи место за Бернд Лено од Баер Леверкузен. 25 годишниот Лено кој е стандарден во Леверкузен и веќе има шест настапи за германската репрезентација се смета за идеална замена за искусниот Ноер кој во последно мака мачи со повредите.