Меси се изедначи по бројот на голови со Герд Милер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По две нерешени средби во Ла Лига, екипата на Барселона синоќа го победи со Виљареал 2:0, во рамките на 15.коло во Ла Лига. Стрелци на головите за Каталонците беа Луис Суарез и Меси.

Аргентинецот во 83-татаа минута ја потврди победата на Барселона и успеа да сруши уште еден рекорд. Голот против Виљареал беше 525-ти за Меси во првенствен натпревар за Барселона, со што го израмни рекордот на легендарниот Германец Герд Милер.

Меси го сруши 40 години стариот рекорд кој Милер го постави во периодот од 1965 до 1979 година во дресот на Баерн. Германецот 525 гола постигна на 572 натпревари, додека на Меси за да стигне до оваа бројка му биле потребни 605 натпревари.