Салах најдобар играч од Африка за 2017 година


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Угледниот британски медиум ББС традиционално го избира најдобриот африкански фудбалер секоја година.

Оваа година ова престижно признание сосема заслужено оди во рацете на фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах.

Египетскиот фудбалер зад себе има година од соништата. Најпрво фантастично играше во дресот на Рома, потоа следуваше трансфер во Ливерпул каде игра во животна форма, а врв на се беше пласманот со неговата репрезентација на Светското првенство во Русија.

Во изборот за најдобар африкански играч Салах ги победи Обамејанг, Наби Кеита, Мане и Мозес.

Претходните години ова престижно признание одеше во рацете на Махрез, Туре, Дрогба, Адебајор, Диуф….