Челси не се откажува од Баркли


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од редовите на Челси планираат во јануари да испратат нова понуда за услугите на Рос Баркли од Евертон.

24 годишниот фудбалер го одби клубот од „Стемфорд Бриџ“ на последниот ден од преодниот рок со образложение дека преферирал трансфер во Тотенхем.

„Петлите“ не испратија понуда до Баркли кој и тогаш беше повреден, но се шпекулира дека и тие можат да притиснат за неговиот потпис во јануари.

Покрај овие два клуба и новиот тренер на Евертон очајнички посакува да го задржи играчот на „Гудисон парк“, но таквата ситуација според многумина засега изгледа неверојатна.