Шпанските медиуми тврдат: Еден од најдобрите голмани се сели во ПСЖ уште во јануари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веќе некое време се зборува дека трансферот на Јан Облак од Атлетико Мадрид во ПСЖ е се поизвесен и дека Словенецот уште во првите денови од јануари ќе се пресели на „Паркот на принцовите“.

Еден од најдобрите шпански медиуми, „АС“ пренесува дека најдобриот чувар на мрежата во Шпанија, Јан Облак својот 25 роденден кој ќе го прослави на 7 јануари ќе го дочека во Париз.

Имено, иако Облак го продолжи договорот со Атлетико до 2021 година со откупна клаузула од 100 милиони евра тој ќе го напушти тимот затоа што од ПСЖ се подготвени да ја активираат откупната клаузула.

„АС“ тврди дека покрај пари ПСЖ ќе ги понуди и Кевин Трап и Хавиер Пасторе на „јорганџиите“, а доколку Шпанците не ја прифатат оваа понуда богатите парижани ќе ја платат целосната сума од 100 милиони евра.