Болница во Торино, проблеми за Алегри

0

Продолжуваат проблемите со повредите во тимот на Јувентус кој на гостувањето кај Болоња ќе биде без неколку клучни играчи.

Џорџо Киелини и Џиџи Буфон се надвор од стројот, а на нив ќе им се приклучат и Стефан Лихштајнер и Миралем Пјаниќ.

Сите четворица се мачат со повреди, но се очекува да бидат подготвени за дерби дуелот против Рома кој на програмата е за десет дена.

Шанса за настап против Болоња ќе очекува Марко Пјаца кој заздрави од повредата и по неколкуте натпревари за Примавера тимот веројатно ќе биде на клупата за резервни фудбалер на гостувањето следниот викенд.

Share.