Донарума заминува од Милан уште во јануари


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Џанлуиџи Донарума може да го напушти Милан порано од очекуваното и тоа уште во јануарскиот преоден рок.

„Газета дело Спорт“ пишува дека 18 годишниот голман и неговиот агент Мино Раиола не се повеќе задоволни со договорот што го потпишаа во текот на летниот период и планираат да го поништат со образложение дека Донарума бил психолошки притиснат и подложен на потпишување на истиот.

Сепак шансите да се поништи договорот се екстремно мали, а Раиола веќе работи на трансфер надвор од „Сан Сиро“. ПСЖ и Ррал Мадрид се сериозно заинтересирани за младиот голман и се подготвени да платат околу 35 милиони фунти за неговите услуги.