Реал подготви изненадување: На „Бернабе“ се враќа миленикот на фановите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Турскиот весник „Сабах“ пишува дека управата на Реал Мадрид го контактирала Жорге Мендеш за да преговара за враќање на Портуалецот, Пепе на „Сантијаго Бернабе“.

„Кралевите“ се во проблем со повреди на играчите од последната линија и ќе мора да реагираат во јануарскиот преоден рок. Сепак, Реал нема лесно да го врати Пепе во своите редови затоа што Португалецот игра одлично во Бешикташ, а турскиот клуб обезбеди и 1/8 финале во Лигата на шампионите.

„Знаеме дека Реал сака да го врати Пепе, но тој останува кај нас“- кратко коментираше претседателот на Бешикташ, Ахмет Булут.

Кристијано Роналдо веќе неколку пати оваа сезона истакна дека тимот би бил посилен со Пепе на теренот.