Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓
Екипата на Вардар триумфираше во градското дерби против Работнички со 1:0 во заостанатиот натпревар од 12 коло во Првата македонска фудбалска лига.
Ова е последниот натпревар со кој се спушта завесата во првиот дел од полусезоната во домашното првенство.
Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Тигран Барсегјан во 78. минута.
Шкендија е есенски првак со 46 бода, а како втор заврши актуелниот лидер со 38 поени на првенствената табела.