Навивачите на Манчестер Јунајтед може да здивнат


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од Манчестер Јунајтед пред малку објавија дека нивниот најголем талент од академијата, Анхел Гомес го потпиша својот прв професионален договор кој ќе го задржи во клубот уште долги години.

17 годишниот Гомес е продукт на академијата на „Ѓаволите“ во која е од својата шеста година. Офанзивниот играч го имаше и своето деби за првиот тим на Манчестер Јунајтед минатата сезона во последното коло на натпреварот против Кристал Палас.

„Презадоволен сум што Анхел го потпиша својот прв професионален договор со клубот. Му дадов шанса да дебитира во првиот тим на крајот на минатата сезона со што го направив најмладиот играч кој дебитирал за Манчестер Јунајтед по Данкан Едвардс кој своето деби го имаше во 1953 година“- коментираше Мурињо.

Гомес истакна дека се чувствувал горд кога дебитирал за првиот тим затоа што уште од шест години го носи дресот на овој клуб.