Реал не ја пушта својата ѕвезда за сума помала од 85 милиони фунти


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Се погласни се шпекулациите дека Герет Бејл ќе си замине од редовите на Реал Мадрид следното лето.

Сепак од таборот на „Кралевите“ нема да преговараат со тимовите кои не се подготвени да платат 85 милиони фунти за услугите на фудбалерот кој на голема врата стигна на „Бернабе“ но повредите го спречија да го покаже целиот свој потенцијал.

За Велшанецот сериозен интерес има од Тотенхем и Манчестер Јунајтед кои се подготвени да ја платат сумата која ја бара Реал Мадрид.