Неколку клубови со интерес за Кристијан Тошевски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентативниот десен бек, Кристијан Тошевски ја заврши авантурата во битолски Пелистер и од јануари ќе бара нова средина за продолжување на кариерата.

За младиот бек постои интерес од неколку клубови од Македонија, но и од клубови кои се натпреваруваат во најдобрата хрватска лига.

Како што пишува дневниот спортски весник „Македонски спорт“ за Тошевски интерес ма од Вардар и Работнички, но и од Осијек и Славен Белупо.

Каде Тошевски ќе ја продолжи кариерата со сигурност ќе дознаеме во следните денови.