Барселона изненадувачки тргнува по заборавениот играч на Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повредата на Самуел Умтити и желбата на Маскерано да го напушти клубот во зимскиот преоден рок ја принудија Барселона да бара алтернативно решение за стоперската позиција следниот месец.

Како што пишува „Марка“ од Барселона планираат да испратат понуда до Манчестер Јунајтед за услугите на Далеј Блинд кој повремено добива шанса кај Мурињо, но ни од далеку не е прв избор на стоперската или бековската позиција.

Блинд се поврзуваше со Барселона и пред да направи трансфер на „Олд Трафорд“.