Мурињо: Можеби ќе купиме играчи во јануарскиот преоден рок


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Жозе Мурињо е отворен за нови трансфери следниот месец и покрај тоа што не е фан на зимскиот преоден рок.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед е свесен дека треба да освежи својот состав доколку сака да освојува трофеи.

Мурињо е заинтересиран за Месут Озил од Арсенал и Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.

„Не го сакам многу јануарскиот преоден рок, но доколку има играчи и ситуации за кои ќе добиете шанса тогаш не смеете да ја изгубите таа шанса. Не го сакам јануарскиот трансфер период но доколку купите некого што сакате да го купите во јуни со шанса за неколку месеци претходно тоа ќе биде одлично“ –коментираше Мурињо на денешната прес конференција.

Како што пишуваат медиумите на островот Озил преферира преселба во Манчестер Јунајтед пред враќање во Шпанија.