Анчелоти на лето се враќа во Англија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Анчелоти кој до скоро беше тренер на Баерн Минхен наскоро ќе најде нов ангажман.

Имено, италијанскиот стратег би требало да се врати на Островот во редовите на Челси, клуб со кој ја освои шампионската титула во Англија.

Наводно авантурата на Антонио Конте во Челси на лето ќе биде завршена по слабите резултати и се поизвесното губење на титулата во Англија.

Карло Анчелоти беше тренер на Челси од 2009 до 2011 година период во кој го освои само националното првенство.