Овен: Благодарение на Бензема заминав во Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот англиски фудбалер Мајкл Овен откри дека Карим Бензема е „виновникот“ што се преселил во Манчестер Јунајтед.

Овен на „Олд Трафорд“ пристигна во 2009 година откако претходно настапуваше за Њукасл,меѓутоа малку е познато дека неговото доаѓање помеѓу „Ѓаволите“ зависело од Карим Бензема.

Имено, Бензема бил прв на листата на желби на Алекс Фергусон но бидејќи одлучил да замине во Реал, легендарниот Ферги се свртил кон друга позиција.

„Може да му се заблагодарам на Бензема. Поради него заиграв за Манчестер Јунајтед. Имено, тие го сакаа прво него, но тој го избра Реал. Фергусон ми рече дека по тоа одлучил да ме донесе мене. Така што уште еднаш му се заблагодарувам на Бензема“- истакна Мајкл Овен за „Канал плус“.

Англичанецот на „Олд Трафорд“ помина три сезони во кои очекувано не беше прв избор и на 52 натпревари запиша 17 погодоци, од кои најпознат остана оној против Манчестер Сити во последните секунди од натпреварот.