Бонучи за заминувањето од Јуве: Поради тој одговор се потам повеќе отколку на натпревар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најчудните трансфери кој фудбалска Европа го виде минатото лето беше кога Леонардо Бонучи го напушти Јувентус и премина во редовите на големиот ривал Милан.

Старата Дама за тој трансфер доби „само“ 40 милиони евра, а сите останаа во шок откако информацијата беше официјална.

Сеуште не е потполно јасно зошто Бонучи го напушти Јуве, но многумина сметаат дека причината е кавга со тренерот Алегри, но и со некои соиграчи.

На една детска забава која Милан ја организираше за најмладите навивачи по повод божиќните и новогодишните празници, едно девојче го прашала Бонучи да и одговори зошто го напуштил Јувентус.

„Да речеме дека одговорот не е примерен за девојче. Се потам поради тој одговор повеќе од 90 минути на терен. Се случија многу работи во Јувентус кои ме натераа на таа одлука. Штом стигна понудата од Милан, не размислував. Уште еднаш благодарам на целата управа на Јувентус“, рекол Бонучи.