Играчите на Ливерпул знаат дека Кутињо заминува


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Кутињо долго време е на мета на шпанскиот гигант Барселона. Каталонците во летниот преоден рок сторија се за да го ангажираат офанзивниот фудбалер, но на крајот Ливерпул не попушти и тој остана на „Енфилд Роуд“.

Сепак, тоа нема да биде случај и во јануарскиот преоден рок. Како што пренесува „Мундо депортиво“ соиграчите на Кутињо од Ливерпул веќе знаат дека тој ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок.

Челниците на Ливерпул и тренерот Јирген Клоп наводно ја разбираат ситуацијата во која се наоѓа Бразилецот и одлучиле да не му стојат на патот. Сумата која Барселона ќе ја плати на „црвените“ ќе биде над 100 милиони евра.