Нема да трошат милиони: Реал ја пронајде замената за Бејл


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез веќе размислува за потенцијалната замена за Герет Бејл кој веројатно ќе го напушти тимот во летниот преоден рок.

Реал Мадрид замената за Бејл ја пронајде во Португалецот, Гонзало Гуедеш кој е под договор со ПСЖ, но оваа сезона настапува во Валенсија. Во редовите на „лилјаците“ фудбалерот игра одлично, а со оглед на офанзивниот ред во ПСЖ мали се шансите да добие адекватна прилика на „Паркот на принцовите“.

Реал тоа го гледа како предност и затоа следното лето ќе се обидат да го донесат Гуедеш на „Сантијаго Бернабе“. Наводно и Кристијано Роналдо дал зелено светло неговиот сонародник да се приклучи меѓу „кралевите“.