Мурињо ќе го продаде Фелаини, замената веќе пронајдена


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Времето на Маруан Фелаини на „Олд Трафорд“ се ближи кон крајот и веројатно Белгиецот уште во јануари ќе си замине од Манчестер Јунајтед.

На Мурињо му било кажано дека ќе може да троши пари само доколку се ослободи од дел од играчите кои имаат високи примања. Еден од нив е и Фелаини кој под водство на португалскиот стратег драстично ја крена формата, но одбива да го потпише новиот договор со „ѓаволите“.

Фелаини е трансфер мета на Бешикташ кој е подготвен да издвои осум милиони фунти за 29 годишниот фудбалер.

Доколку се остварат ваквите најави од  Манчестер Јунајтед ќе тргнат по услугите на играчот на Шахтјор Донецк, Фред. Валенсија и Севилја се заинтересирани за бразилскиот интернационалец но трансфер во еден од најдобрите тимови во Премиер лигата со сигурност повеќе ќе му прилега на 24 годишниот фудбалер.