Роналдо: Би сакал да се пензионирам во Реал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо по финалниот натпревар и победата против Гремио (1:0) истакна дека би сакал да се пензионира во Реал Мадрид.

Освојувачот на пет Златни топки од кои четири како играч на Реал Мадрид изјави дека доколку е можно би сакал да остане во „Кралскиот клуб“ до крајот на кариерата. Запрашан токму на оваа тема, Роналдо одговори: „Ако е возможно да, би го посакувал тоа. Но тоа не зависи само од мене. Тоа што го правам на теренот зависи од мене. Не сум на некоја позиција во клубот, тука има луѓе кои одлучуваат за овие работи. Јас си ја работам мојата работа, и ако е можно тогаш би сакал да останам до крајот на кариерата, ќе видиме.“

И тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изрази желба и верување дека Португалецот би можел да се пензионира во шпанскиот главен град.

„Дали сакам Кристијано да потпише нов договор? Секако, што е можно побргу. Многу е важно за нас тој да остане овде до крајот на неговата кариера“- коментираше популарниот Зизу.