Валенсија се засилува од Арсенал


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од редовите на Валенсија се подготвени да му понудат можност на играчот на Арсенал, Тео Волкот да си ја спаси кариерата со што ќе му обезбедат првотимски фудбал од следната сезона.

„Ел Гол Дигитал“ пишува дека шпанскиот клуб го посакува Волкот во своите редови но трансферот би се случил следното лето се со цел да договорат подобра зделка.

Валенсија бара замена за Гонсало Гуедеш кој годинава игра одлично во дресот на „лилјаците“ но по се изгледа следното лето ПСЖ ќе го продаде на Реал Мадрид. Португалецот оваа сезона настапува како позајмен играч на „Местаља“ и со своите игри го привлече вниманието на многу европски клубови.