Конте во неверица, уште еден играч му заминува на „Олд Трафорд“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е во потрага по замена за Ерик Бејли кој ќе биде надвор од терените минимум три месеци поради проблеми со повреда која го мачеше подолго време.

Како што пишуваат англиските медиуми Мурињо е подготвен во своите редови да го донесе играчот на Челси, Давид Луиз кој е во конфликт со менаџерот на Челси, Антонио Конте.

Бразилецот уште во јануари би требало да се приклучи на „Црвените ѓаволи“ а бројни медиуми во Британија пишуваат дека овој трансфер и тоа како е возможен.

Манчестер Јунајтед покрај Бејли на стоперските позиции ги има Смолинг, Линделоф, Џонс и Рохо, а  со оглед на тоа што скоро сите се подложни на повреди Мурињо ќе тргне и по својот миленик од времето кога беше тренер на Челси.