Разиграниот Ливерпул го уништи Бурнемут


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул славеа убедлива победа на гостувањето кај Бурнемут со 4:0.

Избраниците на Клоп одлично го отворија натпреварот и уште во 20 минута поведоа со 1:0 со голот на Фелипе Кутињо. Само шест минути подоцна Ловрен погоди со глава за зголемување на водството, а конечниот резултат во првото полувреме го постави Мохамед Салах во 44. минута.

Последниот гол на Ливерпул го постигна Роберто Фирмино во 66. минута по одличната акција на гостите.

Со оваа победа Ливерпул се искачи на четвртата позиција на табелата со еден бод пред Арсенал и два повеќе од Барнли.