Металург испушти победа и ремизираше со Нексе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Металург прокоцка победа и со реми против Нексе (31:31) ја заврши 2017 година во СЕХА лигата.

Избраниците на Јовиќ играа доста неизвесен натпревар во Нашице во кој во повеќе наврати од противникот имаа предност на семафорот. На осум минути до крајот предноста изнесуваше и највисоки три голови, но потоа безидејната игра во нападот и исклучувањето на Јагањац доведоа до тоа Металург на крајот и да брани реми.

Во последните моменти од натпреварот Металург со една добра акција се обиде да стигне до победнички гол кога Велковски и Илиќ комбинираа, а за жал ударот со цепелин на Илиќ го одбрани голманот Пилиповиќ.

Најефикасен во редовите на Металург беше Халил Јагањац со девет погодоци, а исто толку даде и поранешниот член на металурзите, кој сега го носи дресот на Нексе, Марко Бувиниќ.