Работнички ќе се подготвува во Анталија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како и неколку години наназад и оваа сезона тимот на Работнички зимските подготовки ќе ги одработи во турска Анталија.

„Романтичарите“ од 22 јануари до 1 февруари ќе престојуваат во турскиот туристички центар, а веќе се договорени и четири пријателски натпревари.

На 24.јануари Работнички ќе одигра пријателски натпревар против Габала (Азербејџан), а два дена подоцна ќе тестира против Кешла (поранешен Интер Баку), исто така прволигаш од Азербејџан.

На 29.јануари противник на Работнички ќе биде рускиот тим Динамо Санкт Петербург, а на 31.јануари ќе следи тестот против украинскиот прволигаш Мариупол.