Иско може да избира, стигнуваат понуди од сите страни


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Шпанија, еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, Иско на маса има три одлични понуди кои тешко се одбиваат.

Наводно за шпанскиот репрезентативец постои сериозен интерес од Манчестер Сити, ПСЖ и Јувентус, а сите три екипи се подготвени на Иско да му понудат многу поголеми примања отколку што ги има во Реал Мадрид.

Секако дека и „Кралевите“ не се финансиски инфериорни и доколку сакаат да го задржат фудбалерот ќе му ги понудат истите услови, па останува да видиме дали одличниот офанзивен играч за врска ќе остане во Мадрид или ќе ја промени средината.

Иско на „Бернабе“ пристигна во 2013 година од редовите на Малага.