Бристол го приреди најголемото изненадување во Карабао купот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вистинско чудо се случи на натпреварот во Бристол каде домашниот тим славеше против големиот Манчестер Јунајтед со 2:1 и се пласираше во полуфиналето на Карабао купот.

Домашниот тим одигра одличен натпревар во кој храбро се бореше против великанот на англискиот фудбал, а во продолжението од натпреварот за тоа се наградени со пласман во следната фаза.

Бристол поведе со 1:0 во 51. минута со прекрасниот гол на Брајан. Само седум минути подоцна Ибрахимовиќ го постигна својот прв гол по враќањето од повредата откако одлично биеше од слободен удар.

Кога сите очекуваа крај и продолжение домашниот тим стигна до гол и тоа преку Кори Смит кој дотогаш важеше за трагичар на натпреварот.

Во првиот вечерашен натпревар Челси со 2:1 славеше против Бурнемут и исто така се пласираше во полуфиналето од Карабао купот.