Клемен заработи отказ од Свонси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По помалку од една сезона на клупата на Свонси, Пол Клемен заработи отказ од управата на клубот поради катастрофалните резултати во англискиот шампионат.

Свонси се наоѓа на последното место во Премиер Лигата со само три победи. 44 годишниот стратег на „Либерти“ пристигна минатиот јануари кога ја имаше истата задача што ќе ја има сега неговиот наследник, да го спаси тимот од испаѓање.

Претседателот на Свонси, Хју Џенкинс истакна дека промената на тренерот била последно нешто што сакале да го направат, но дека морале да се нафатат на тоа со цел да ги задржат шансите за премиерлигашки фудбал и следната сезона.