Мојсов го продолжи договорот со АЕК Ларнака


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот интернационалец Даниел Мојсов го продолжи договорот со АЕК Ларнака и ќе стане во Кипар до 2020 година.

29 годишниот Мојсов е стандарден во последниот бедем на тимот од Ларнака и заедно со Иван Тричковски се едни од главните играчи на АЕК.

„Јас сум многу среќен што ќе продолжам да играм тука. Јас и моето семејство сме многу среќни овде. Мојата е цел со секој натпревар да бидам се подобар. Го очекувам крајот на сезоната по кој се надевам дека сите ќе ја славиме титулата. Сакам да упатам голема благодарност до нашите фанови кои непрекинато не поддржуваат во напорите кон освојување на титулата“- коментираше Мојсов.